Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има тим, капацитет и програма да направи од Македонија подобро место за живеење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија ја обвини власта на СДСМ дека во изборна единица 4 нема реализирано ниту еден проект, ниту пак има отворено нова странска инвестиција.

Во изборна единица 4 имаме најниска цена на тутун и најмногу спуштени класи на тутун затоа што пред да се распушти Собранието, мнозинството од СДСМ донесе закон со кој што може да се узвезува тутун со цел да можат да ја соборат цената на тутунот и на мака на луѓето. Второ цената на крставиците е рекордно најниска затоа што дозволија узвоз од Албанија, цената на компирот исто така, домати веќе не се садат затоа што зелената мафија која што е во соработка со СДСМ и оваа власт, продава кило расад за домат поскап од кило злато. Јас знам дека на луѓе кои што живеат во центар Скопје ова не им значи, ама на тие што се до други места ова им значи многу. Нова странска инвестиција нула, домашни исто така нула, вели Николоски.

Во однос на програмата која што ќе биде објавен утре во Битола, Николоски посочи дека програмата опфаќа над 1000 проекти за сите категории на граѓани додавајќи дека понижувањето и прегазувањето на граѓаните од страна на власта на СДСМ и Заев завршува на 15 јули со победа на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ има нај сеопфатна програма која што ќе биде објавена во текот на утрешниот ден, каде што нудиме преку 1000 проекти и решенија за Обнова на Македонија, кои што ќе ја исправат Македонија и ќе ја вратат гордоста кај луѓето, ќе ја подобрат економската состојба и ќе го направат полесен животот на граѓаните. Ние сакаме да им се обратиме на оние кои што имаат распукани раце од мака, сакаме да им се обратиме на младите кои што гледаат да заминат од државата, сакаме да им се обратиме на пензионерите кои што го губат достоинството, на работниците кои што се мислат дали утре ќе има работа или не, на малите и средни бизниси кои што работат заедно со своите семејства за да создадат уште некое работно место и да можат така да допринесат во својата локална средина. Тоа се луѓето со кои што ние ќе зборуваме и од кои ја очекуваме довербата. Тоа се понижените и прегазени луѓе од оваа власт во овие три години кај кои што револтот и гневот е голем и верувајте без разлика на сите обиди кои што ги направи оваа влада да се оневозможи гласањето или со протоколите кои што се предлагаат да тоа трае екстремно долго во редици се луѓето спремни да чекаат по час, по два по три, за да стигнат во можност да гласаат и да ја казнат оваа влада и тоа на 15 јули ќе се случи, истакна Николоски.

Николоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има тим, капацитет и програма за следните 4 години да направи од Македонија подобро место за живеење, како и враќање на правдата, односно како што рече тој овие три години системот на владеење на правото е целосно дерогиран од страна на актуелната влада на СДСМ.

Клучното прашање е дали актуелната влада заслужува реизбор или граѓаните заслужуваат да дојде некоја нова влада? ВМРО-ДПМНЕ има тим, капацитет и програма кои што следните 4 години ќе ги направат поубаво место за живеење во Македонија и ќе ја вратата правдата, затоа што мислам дека во овие три години комплетно се дерогираше системот на владеење на правото и нема пора во системот која што не се искорумпира, изјави тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This