Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара предвремени избори оваа година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ веќе бара предвремени избори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на Сител.

Откако искажа сериозни обвинувања за изборен поткуп на Парламентарните избори кои се одржаа годинава, Николоски рече дека најголемата опозициска партија веќе бара и ќе бара нови предвремени избори оваа година.

-Нашиот план е во три чекори. Првиот чекор е Владата да поднесе оставка. Вториот чекор е да се фомира Влада на национално единство, или за национален спас која би ги собрала најголемите умови во Македонија и која би имала поддршка од сите политички партии. Нејзина задача би била да ја извади државата од здравствената и економската криза. Тоа мислам дека ако сега почнат да го работат ќе можат до април мај да го реализираат и веднаш потоа да се оди на предвремени парламентарни избори на кои што Македонија ќе добие нова политичка Влада, а јас сум убеден дека ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Николовски.

Според него, во моментот на власта и се случува апсолутна катастрофа.

-Од една страна имаат еден голем економски пад, зашто овие средства кои фалат и за кои се позајмуваат очигледно е дека не знаат како да ги изменаџираат. А, од друга страна, мора да исполнуваат политички договори, односно мора да задоволуваат апетити на коалиционите партнери, рече Николовски.

Во однос на првата точка од планот на опозицијата, власта да си поднесе оставка, Николовски рече дека не е убеден оти тоа ќе се случи. Меѓутоа, појаснува дека пратеничката група во Собранието интензивно разговара со неколку помали политички партии со цел да падне Владата.

-Многу брзо по празниците јавнота ќе има што да види, рече Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This