April 28, 2024, 10:40 am

НИКОЛОСКИ ДО ЗАЕВ: ” Во понеделник да си поднесеш oставка”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недобивањето на преговори со Европската унија е одговopност на премиерот Зоран Заев и поради тоа тој во понеделник треба да си поднесе оставка, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „ТВ 21“.

 

 

Заев во понедленик да си поднесе оставка и потоа да преминеме кон формирање техничка влада, како што предвидува Пржинскиот договор. Сто дена техничка влада да ги подготви изборите, и после 100 дена од понеделник да има предвремени избори, бара Николоски.

Ние кажавме дека граѓаните на Република Македонија не треба да бидат заложници на неуспесите на Зоран Заев но за жал вистината е дека државите ги водат влади и дека на државите се оценуваат соодветно на тоа што го прават владите. За жал оваа влада потфрли во борбата о корупцијата, владеењето на правото, политичкиот дијалог и секако тука се состојбите во економијата и затоа се наоѓаме во оваа ситуација да Македонија не може да започне преговори за членство Европската унија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашно интервју 10 минути на ТВ21.

Николоски додаде дека ова е трет удар во ѕид од страна на премиерот Заев потенцирајќи дека после ова треба да поднесе политичка одговорност односно да си поднесе оставка бидејќи губи легитимитет да ја води државата.

Ова е трето одлагање, ако до минатата година проблем беше Грција после потпишувањето на срамниот Преспански договор веќе тој проблем се отклони и ова е трето удирање во ѕид на владата на Зоран Заев после кое што мислам дека треба да поднесе политичка одговорност и да поднесе оставка бидејќи губи секаков легитимитет да ј а води државата, посочи тој.

Николоски нагласи дека доколку нема оставка од страна на владата на СДСМ и Заев тие ќе прават притисоци се со цел час поскоро да се распишат предвремени парламентарни избори се со цел граѓаните да не изгубат уште една години со СДСМ и Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This