Николоски: Народот да не го правиме глупав, Реџепи добил понуда како од Наркос – „сребро или олово“, потребно е веднаш ново мнозинство и избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва во ТВ21, истакна дека како во латиноамериканската серија Наркос владее оваа власт, но народот не е глупав знае точно што се случи со Кастриот Реџепи, а посочи дека потребни се избори и ново мнозинство за да престане ваквиот начин на функционирање.

-Првенствено народот треба да ја преточи неговата волја во ново парламентарно мнозинство, и второ соработка во однос на програмата што ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ со потенцијални коалициони партнери, каде приоритет ќе имаат сите проопозициски сили како што се Алијанса за Албанците, Алтернатива и БЕСА и рече дека за партијата тоа е приоритет при составување на идна влада, рече Николоски.

Николоски рече дека не ги исклучува сите опции кога станува збор за нови избори, но смета дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е самостојно да настапи на парламентарни избори.

-Народот е поинтелигентен и не треба како некои мои колеги кои го потценуваат, не треба народот да го правиме глупав, јасно им е на сите што се случи со Кастриот Реџепи, прво го снема, па исклучи телефон, па напиша Фејсбук статус, за кој не знаеме дали тој го напишал, па членови на неговото семејство заедно со лидерот Касами пријавуваат дека е исчезнат, па дури после тоа да се појави на видео на бел ѕид еден тотални исплашен човек, како една популарна серија Наркос и изреката на Пабло Ескобар „сребро или олово“, така да понудата која ја добил е „сребро или олово“, а таа како изрека станува начин на функционирање затоа како се води земјава, но не за долго ќе има латиноамерикански начин на функционирање, критикуваше Николоски.

Николоски посочи дека ваквиот начин на функционирање нема да продолжи уште долго, затоа тој начин нема решение на кризите во земјава, како енергетската криза, и дали ќе имаме струја во следниов период, нема да бидат решени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This