Николоски: Пописот ќе значи 2400 починати од ковид во април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се набавеа вакцини немаше да имаме ваква епидемиолошка слика. Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува е ќе има 5500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат е огромна, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

Повикувајќи се на кажувања на СЗО, Николсоки рече едно лице кога ќе заболи додека открие заболува најмалку 9 лица.

„Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николски посочи дека ако Заев и Ахмети сакаат да го реализираат политичкиот договорот што го имаат тогаш тоа ќе биде нивна одговорност.

„Ако имаат малку одговорност истиот треба да го одложат“, рече Николоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This