Николоски: Пoпиcoт кoj влacтa caкa дa гo cпpoвeдe ќe бидe фингиpaн и нepeлeвaнтeн, ВМРО-ДПМНЕ тoa нeмa дa гo дoзвoли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашното издание на дебатната емисија “360” на Телевизија Алсат гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на пописот кој власта предвидува да се одржи веќе за два месеци во државата.

Во однос на пописот, Николоски вели дека е тажно и крајно несериозно што власта пристапува кон реализација на пописот водена од политички цели и пописот го гледа како политичка, а не статистичка операција. Николоски посочи дека после рамковниот договор, кој има и добри и лоши страни, правата на една индивидуа независно од тоа на која етничка заедница припаѓа, не се решаваат со тоа што ќе се направи попис.

На јавноста и е јасно дека овој попис има цел за додворување кај одредени етнички заедници од страна на СДСМ и Зоран Заев, за потоа истите тие да му дадат дополнителна поддршка, односно да изградат еден консензус за прашањата кои ја засегаат власта, односно парламентарното мнозинство, истакна Николоски.

СДСМ и ДУИ имаат една стратегија, односно стратегија на поларизација. Истата ја користат и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон албанската опозиција. Тоа воопшто не е така, иако ја користат секоја прилика да прикажат пред јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ е тоа кое што ги кочи овие процеси, односно одржувањето на пописот. ВМРО-ДПМНЕ не е против попис, бидејќи таква статистичка операција е потребна на земјата. ВМРО-ДПМНЕ е против фингиран и наместен попис со кој власта ќе ја зацврсти позицијата кај одредени етнички заедници и користејќи ги нив ќе замачкуваат очи на јавноста, додаде Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ предложи триесет суштински амандмани, но ниту еден не беше прифатен од власта. Тоа не беа паушално изготвени амандмани, туку амандмани во кои беа утврдени сите аномалии на вака донесениот закон за попис и беа изготвени предлози како да се надминат проблемите, за пописот да биде релеватен, вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This