April 26, 2024, 11:15 pm

Николоски: “Пopaди нecepиoзнocтa нa влacтa и Филипче, гpaѓaнитe ocтaвeни нa милocт и нeмилocт вo нajгoлeмaтa здpaвcтвeнa kpизa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој зборуваше за добрососедскиот договор помеѓу Македонија и Бугарија, како и за Ковид пандемијата во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нудеше сет мерки преку кои требаше да се подобри ситуацијата во однос на здравствената криза, но владата поради суета не ги прифати мерките, ниту пак сакаше да разговара за истите. Не смееме да се лечиме на блеф, туку треба да имаме концепт, бидејќи ова не е нешто за шегување или пробување, вели Николоски.

“Имаме проблем со тестирањата. Луѓето не можат да се тестираат. Едните поради тоа што никаде нема празен термин за тестирање или пак поради тоа што луѓето немаат пари и не можат да си дозволат тест, а истовремено седат дома со полна симптоматологија и се ризични и сами за себе, но и за околината”, истакна Николоски.

Дали треба да има карантин или не, не е работа ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на друга партија. Вакви одлуки треба да донесуваат надлежните, односно експертите кои Македонија ги има. ВМРО-ДПМНЕ го има Вело Марковски во телата кои разговараат по овие прашања, а Венко Филипче не сака ниту да ги консултира, ниту да ги послуша за одредени работи. Тоа покажува за несериозноста на оваа власт, додаде Николоски.

Во Република Македонија сиромашните за жал се речиси осудени на смрт. Жално е секојдневно да гледаме апели за луѓе од најразлични етникуми како молат за помош за да останат живи, а власта да остане нема на таквите барања.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори до крај со сите можни легитимни алатки. Оваа власт ќе мора да понесе одговорност за сите лоши мерки, како и за огромните бројки на заболени и починати во земјата, заврши Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This