НИКОЛОСКИ ПPEДУПPEДИ УШТЕ НА 18.МАРТ: Владата на СДСМ сака вoнpeднa состојба за да си ги донесе зakoните кои не можеа во Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо алоцирање на сите расположливи средства во секотрите кои се најзагрозени поради коронавирусот, Владата предводена од СДСМ одлучи дека поприоритетно од заштитната опрема за медицинските лица се заостанатите плати на СЈО

Скандалозната одлука која тимовите за „транспарентност“ на Роберт Поповски не ја објавија во службените билтени предвидени за јавноста, веројатно воопшто немаше да биде спомената ако не постоеше законската обврска уредбите да се објавуваат во Службен Весник со цел да произведат правно дејство.

И како да не беше доволно што годишно трошеа по 4 милиони евра, Специјалното јавно обвинителство, кое веќе и онака не постои, со последната уредба со законска сила донесена од Владата на Р.Македонија ќе добие неколку стотици илјади евра за покривање на неисплатени плати и обврски. По 12 милиони евра потрошени во СЈО, во ситуација на вонредна состојба, наместо средствата да се алоцираат кон најпогодените сектори се трошат на платите на Катица Јанева – обвинета во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски – Боки 13.

Дека вакво самоволие и злоупотреба на вонредната ќе се случува, уште на 18.март предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој анализраше дека власта одбива кризна и бара вонредна состојба за самоволно да ги донесе оние закони кои не стигна да ги „помине“ во Собранието на Р.Македонија.

„Наместо да мислат на здравјето на граѓаните, тие размислуваат како може владата да ги изгласа тие закони што не успеа да ги изгласа пред распуштање на Собранието. Причината зошто се одбиваше барањето на ВМРО-ДПМНЕ за воведување на кризна состојба е само една. Согласно со Уставот, кога се воведува вонредна состојба сите надлежности ги презема владата, а тоа значи дека владата може сама да носи закони без да го има тука Собранието како некој филтер. Тоа значи дека може утре Зоран Заев, преку своите министри во владата, да си предложи каков сака закон и поручек тој да биде усвоен. И очекувам во следниот период да има закони во корист на брат му Вице Заев. Тоа е причината зошто се воведува вонредна состојба“ – пренесе порталот 360степени.

Две недели подоцна, потврда за предупредувањето пристигна преку Службениот весник на Р.Македонија.

Сега останува на „колегите“ како Катерина Блажевска и Љупчо Поповски одново да влезат во клинч, но овој пат со претставниците на власта, онака како што доликува на вистински новинари, да бидат критични кон властите кои како во случајов се фатени живи со „рацете во медот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This