Николоски: СДСМ на днeвнa ocнoвa и пoмaгa нa гpyпaциjaтa Мериот вo шиpeњe нa лaги и нeвиcтини caмo дa нe ce збopyвa зa кpyпнитe aфepи нa Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјавата пред суд во однос на иницијативата за вонреден конгрес и дали таа може да предизвика поделби во ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ на дневна основа и помага на групацијата Мериот во ширење на лаги и невистини само да не се зборува за крупните афери на Заев.

„Прво за информациите па после тоа и за иницијативата. Еве нека ме демантираат можат и да ме тужат ако сакаат ќе се видиме и за трета работа во суд. Целокупниот центар за комуникации на СДСМ или како и официјално да се вика во овој момент е координација со двајца тројца членови на тој иницијативен одбор и на дневна основа создаваат и пласираат невистини во јавноста преку социјалните медиуми преку изјави на дел од нив и во одредени медиуми каде што можат да ги пробијат тие информации. На дневна основа се работи оваа операција и во овој момент истите тие разработуваат стратегија како на ден на два да пласираат вакви невистини.

Целта е да не се занимава Македонија со тоа што  е најбитно во моментот а тоа е дека сме единствена држава во која што луѓе умираат затоа што нема вакцини, да не се занимава Македонија со тоа што во моментов не може соодветна здравствена заштита најголем дел од луѓето да добијат па кредити подигаат или продаваат станови или куќи коли за да одат во приватни болница. Да не се занимаваат со економското тонење кое што го гледаме туку да се занимава со глупости, всушност ова е сценарио кое што е видено во јавноста истите овие кои што сега му слугуваат на Зоран Заев во еден друг временски период прави се за во СДСМ кога беше опозиција да се случи раскол па се создаваа таму наеднаш политички партии и т.н.

Тоа заврши како што заврши на сличен начин ќе заврши и ова овдека. Така што да им порачам овие од власта нека се занимаваат повеќе со набавка на вакцини и решавање на економската состојба а останатите да престанат да му слугуваат на Зоран Заев“, кажа Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This