Николоски: 2020 година, е најтешката и најлошата година којашто ја виде Македонија во своите 30 години независност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето интервју за Канал 5 им ја честита новата година на сите граѓани на Македонија, посакувајќи им новата да им биде подобра од претходната.

Николоски се осврна на настаните кои ја одбележаа оваа година нагласувајќи дека земјата ја помина најлошата година од осамостојувањето.

„Според мене, 2020 година, е најтешката и најлошата година којашто ја виде Македонија во своите 30 години независност, година на здравствена криза, предизвикана од коронакризата, и економска криза исто така предизвикана од коронакризата, но исто така и година на национални понижувања заради условувањата кои ги постави Бугарија во однос на евроинтегративниот пат на Македонија. Година во којашто власта за жал не успеа да се снајде и да се избори со овие три предизвици и за жал останува како најлоша година во историјата на Македонија.“, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This