Николоски: Co мacoвно глacaњe вo нeдeла на изборите, Mакедонија ќе излезе од лoшиoт хopop филм вo кoj живee вeќe 5 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолчани најдобро знаат дека РЕК едвај произведува струја а тоа значи дека Македонија може да потоне во темница. Тоа е најцрното и најстрашното сценарио кое може да и се случи на нашата земја а е резултат на криминалното владеење на Зоран Заев и неговата тајфа, истакна Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на завршниот митинг на партијата во Битола пред гласањето во вториот круг на изборите во недела.

– Ако пред неколку години ова сценарио некој можеше да го замисли како лош хорор филм, за жал по пет години на власт на Заев и СДСМ тоа станува реалност. Дојде време да зборуваме дали ќе има или ќе нема струја за домаќинствата. Дојде време да зборуваме дали ќе може основна животна потреба да се извршува. Во 21-от век Зоран Заев и неговата банда ја донесе Македонија на тоа дереџе. Затоа, масовната излезност и гласот за ВМРО-ДПМНЕ значи почеток на нова иднина и излегување од овој лош хорор филм, додаде Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This