НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ ОВА:Еве како пристигна Цеца Ражнатовиќ во Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатиот викенд во Кавадарци пееше српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Иако можеби се очекуваше Цеца да пристигне со некој луксузен автомобил во Тиквешијата, таа од Белград допатува со автобус.

Но, не и е првпат на настапи да патува со автобус каков што беше случајот и сега.

Инаку познатата пејачка оваа година  прослави 30 години постоење на музичката сцена, а самата таа за едно интервју се присетила како во 1991 година направила пауза и одлучила да ги промени соработниците со кои дотогаш соработувала, а во чиј период настанале хитовите „Цветак зановетак“ и други.

-Направив пауза од една година. Сакав да го променам тимот и да направам нешто поинакво. Имав визија песните да ми бидат со посилна порака. Веќе станав девојка, целосно сакав моите песни да бидат поинакви. Потоа дојдоа Марина и Фута. Се препознав во нивните песни и го сакам тој начин на пишување и обраќање на публиката.

Дојдов до бројот на Марина, ѝ се јавив, беше доцна на пладне, зима. Реков: „Би сакала да разговарам со Марина“, ми рече: „Јас сум“. Реков:„ Цеца Величковиќ на телефон“, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав 19 години.

Таа ми рече:„ О, млада дамо, тебе те чекам веќе долги години и знаев дека ќе се јавиш кога тогаш“. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали верувате дека имаат цел албум склопен за мене? Тоа е албумот „Шта је то у твоим венама“ – искрено открила Цеца после толку години.

Таа објаснила и како настанала и песната „Кукавица“, кој и ден денес е голем хит:

-После тоа работев на една турнеја, учествуваа многу мои колеги, беше од хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Каравнот патуваше секаде по нашите земји, а мене ми требаше нова песна, иако албумот само што ми излезе, со која ќе се претставам на „Ктитор фолк лига“ и имав што да снимам.

Дали балада или нешто побрз. Фута ми каќа имаме една песна за тебе, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними. И, секако Марина тогаш беше во кујната, сето тоа се случуваше во нејзиниот стан. Му рече:„Футо, немој тоа да го свириш без врска е“. Јас реков:„ Ве молам, сакам да слушнам што сте направиле, а дека е без врска, не можам да верувам“. И тој ми запеја дел од текстот, а јас веднаш реков дека тоа е лудило и дека токму таа песна е она што мене ми треба.

Направивме аранжман и утредента ја отпеав песната за на крајот од неа да испадне вистинско ремек дело – раскажува Цеца.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This