Никој не не сака: Бугарија го укина ПЦР-тестот за српските граѓани, но не и за Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со одлуката на Министерството за здравство на Бугарија од денес не се бара негативен ПЦР-тестза српските граѓани, но тоа не важи за македонските граѓани кои можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР-тест, не постар од 72 час.

Наредбата дека патниците кои пристигнуваат од Србија мора да бидат ставени во карантин е поништена.

Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради здравствената криза.

И грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија.

Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција во Министерството за здравство.

Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, најави дека ќе има продолжување на голем дел од мерките што се во сила, меѓу кои и оние што се однесуваат на копнените граници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This