(Видео) Нацев: Ни вратија човек од НАТО бидејќи не знаеше англиски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Инфомакс, „Неделен Брифин“, со политичкиот аналитичар Сотир Костов, гостуваше професорот, а и декан на факултетот за безбедност, Александар Нацев, кој го коментираше членството на Македонија во НАТО, кое, спротивно на помпезното најавуваваше и повторување власта дека ќе блескаме, не ја подобри преку ноќ состојбата во Армијата на Република Македонија, ниту пак во одбранбениот систем во целина.

„Преку ноќ ништо не се менува магично, а најмалку состојбата во којашто се наоѓа нашата армија и нашиот одбранбен систем во целина. Зошто? НАТО, како систем за колективна одбрана е систем којшто се потпира врз индивидуалните капацитети на секоја земја членка. Доколку вие немате силни сопствени индивиуални капацитети да застанете еве, познатата синтагма, рамо до рамо со вашите сојузници, со нашите сојузници во НАТО, и да имате за цел да бидете барем еднаков со најслабиот од тие 29 земји, тогаш вие повеќе одмагате отколку што помагате, и служите за потсмев“, кометираше Нацев.

Нацев потсети на неодамнешниот скандал кога хирург кој беше дел од македонската делегација во Норвешка, беше критикуван тоа што не само што не знае англиски јазик, туку и неговото знаење од обста на хирургијата било безмалку оскудно.

„Видовме што се случи со делегацијата со која што еден хирург наш бил пратен во Норвешка на обука, ни враќаат писмо, ни викаат луѓе од кај го најдовте овој човек, не знае ниту англиски, ниту операција да направи. Друг пат да не ни праќате почетници. А тие го спремаат да одени на воена мисија каде што големи се шансите да врши сложени операции на бојно поле“, потсети тој.

Видето од гостувањето на Александар Нацев можете да то проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This