Ни cтapитe житeли нe пaмтaт вaквa бypa: Шпанската влада го пpoглacи Мадрид зa „зoнa нa kaтacтpoфa“ пopaди cтpaшнoтo cнeжнo нeвpeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанската влада во вторникот ги прогласи главниот град Мадрид и уште седум покраина за „зони на природна катастрофа“ откако снежната бура Филомена пред десет дена на овие области им нанесе голема материјална штета.

Мадридскиот градоначалник Хозе Луис Мартинез-Алмеида мината седмица изјави дека штетата во шпанската престолнина изнесува близу 1,4 милијарди евра, и побара националната влада да го прогласи градот за зона на природна катастрофа. Владата тоа го стори во вторникот по седницата на кабинетот. Со тоа Мадрид од државниот буџет би добил финансиска помош за санирање на материјалните штети кој се најголеми во парковите, во кои дрвјата се масовно откорнати или искрешени под тежината на снегот.

Во текот на викендот на 8-ми и 9-ти јануари снегот врнеше 33 часа без престна, а на такви снежни виулици во Мадрид не можат да се сетат ниту најстарите жители. Покрај Мадрид, силно беше погодена и соседната покраина Кастиља и Леон во централна Шпанија. Зоните на катастрофа ги опфажаат и Кастиља Ла Манча, Навара, Андалузија, Астурија, Арагон и Ла Риоха.

Голем број транспортни камиони, како и автомобили, останаа зарабени во снегот. Во Мадрид беше запрен сиот сообраќај, освен подземната железница, а чистењето на снегот се одвиваше бавно, иако снегот престане да паѓа пред десет дена, бидејќи градот не располага со поголем број на возила и алати за расчистување. Сол за топење на снегото и мразот беа довезувани со камиони од крјабрежјето.

Мадридскиот градоначалник во вторникот, гостувајќи на телевизијата Telecinco, рече дека од снегото и мразот се очистени 92 отсто од улиците на главниот град. Жителите се повикани поради мразот да не ги користат автомобилите, па до средата на сила е бесплатни возење со градските автобуси. Камионите на градската хигиена сѐ уште ги обиколуваат улиците со претрупани контејнери за отпад, бидејќи претходно поради снегот и затрупаните уилици не можеа да го подигнуваат. На улиците сѐ уште може да се видат искршени стебла и гранки.

Отако бурата Филомена мина низ централниот и североисточниот дел на Шпанија сѐ уште се затворени 123 патни правци ширум земјата.

Од среда температурите во Шпанија би требало да се зголемат, но се очекува дожд и ветер.

„Доаѓа од Португалија нова бура која таму ја нарекоа Гаетан, а која ќе донесе обилни дождови, ветер и повисока температура во дел од Шпанија“, извести шпанската државна метеоролошка служба AEMET.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This