Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина – Го отвopи cpцето за Петар од Мakeдонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, актуелниот најдобар светски рекет број еден, покажа уште еднаш дека освен што е голем спортист, туку и дека има неверојатно големо срце, па во видео-порака развесели дете со аутизам од Македонија.

Ѓоковиќ многупати досега во кариерата покажа дека е голем човек и хуманитарец, па сега го отвори срцето за малиот Петар од Македонија со порака.

„Здраво Пецо, како си. Ти праќам еден бакнеж и едно гушкање од Белград и се надевам дека наскоро ќе се видиме во живо и ќе се запознаеме. Те сакам и многу те гушкам“, посочи Ѓоковиќ во својата видео-порака.

Популарниот Ноле успеа да измами радост и насмевка кај малиот Петар, откако ја виде видео-пораката, која ја сподели неговиот татко Зоран Мијалков, основач на мултиетничката асоцијација за аутизам „Врзани срца“.

„За среќа треба малку. Голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред сѐ. Човек со голема душа и срце. Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш. Силата на Љубовта“, напиша Михајлов, споделувајќи ги видеата од српската тениска ѕвезда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This