НОВА АТРАКТИВНА ДЕСТИНАЦИЈА ОД ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Еве во кој европски град ќе можете да патувате!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај авионската линија со шведскиот град Малме, од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да опepира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано (Малпенса).

Летовите од и кон Милано до 30 март ќе се реализираат секој вторник и сабота, додека од 1 април во понеделник и во петок. Со додавањето на Малме и Милано како нови дестинации, авиокомпанијата „Визер“ сега од аеродромот „Св. Апостол Павле“ опepиpa на пет редовни линии и тоа за Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано.

Охридскиот аеродром сезонски е поврзан со уште осум дестинации и тоа со Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, што ги реализираат 11 авиокомпании. Согласно договорот потпишан со владата, авиокомпанијата „Визер“ е обврзана од јули оваа година да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

Вршителот на должноста градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, смета дека новите линии кон Малме и Милано ќе бидат од големо значење за населението од регионот, а практиката на воведување нови авионски линии кон охридскиот аеродром е во корелација со заложбите на локалната власт за дополнителен развој на туризмот и промоција на Охрид пред новите потенцијални туристички пазари.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This