НОВА ВОЈНА ПОЧНУВА ВО УКРАИНА: Украинската војска ќе започне воена операција во Донбас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на генералштабот на вооружените сили на Украина Виктор Муженко објави дека антитерористичката операција во Донбас е завршена и дека сега нејзиниот формат ќе биде променет во воена операција

„Законот, кој на 20.февруари го потпиша претседателот на Украина, ги систаматизира Вооружените сили на Украина кои таму се поради реализација на задачи во текот на антитерористичката акција и промена на форматот на главната операција. Антитерористичката операција ќе биде завршена и ние ќе прејдеме на оепрација на Обединетите сили“, рекол Муженко во интервју за „Радио Слобода“.

Според неговите зборови, тоа предвидува јасна структура на системот на управување, подреденост на силите и средствата во военото раководство, формирање на обединет оперативен штаб како главен орган на управување на оваа операција на територија на Донбас.

Муженко е уверен дека тоа ќе овозможи поефикасно да се систематизираат единиците на украинската војска и другите безбедносни структури, кои се активни на истокот на Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This