НОВА ТУРА AMHEСТИPAHИ: Уште пет лица oбвинeти за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија добија aмнecтиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште пет лица обвинети за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија добија амнестија. Станува збор за лица кои беа обвинети за учество во толпа.


-Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Со овие решенија Основниот суд Скопје 1, како што посочуваат оттаму, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27– ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This