НОВИНАРКАТА ДРАГАНА ПРОНАЈДЕНА МPТВA: Мајката на тенисерот Новак Ѓоковиќ шoкиранa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата новинарка Драгана Трипиќ е пронајдена мpтва, откако неофицијално, си го одзела животот со бecење во стан во една белградска населба, а нејзиното тело го пронашла ќерката.

 

 

Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, за српските медиуми вели дека веста за смpтта на пријателката ја шокирала.

 

-Предмалку ја прочитав веста и искрено целосно се шокирав. Последната година не се слушавме толку често, но навистина не знаев дека имала некој проблем. Жал ми е што ако имала проблеми не ги споделила со некого, вели Дијана.

 

Вели сигурна е дека ако ги споделела проблемите, можеби ќе нашла помош и утеха.

-Беше секогаш насмеана, радосна и весела, подготвена за шега. Беше жена полна живот, вели таа и додава дека никогаш не се жалела за ништо, па затоа и никој не ни помислил дека би се самoyбила.

 

Последната објава на Твитер на новинарката се однесувала на борбата на корисниците на кредити во Швајцарија со банките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This