НОВИОТ СУПЕРМОДЕРЕН МИГ-35: Ултра-лесен и ултра-модерен ловец кој може да нападне шест мети одеднаш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на Јануари оваа година, новиот ултра-лесен и ултра-модерен ловец МИГ-35 од четвртата генерација ќе започне со тестирања пред да влезе во редовна употреба како дел од Руските воздушно-космички сили пренесуа Газета.ру
mig_35

Рускиот потпретедател на Владата задолжен за воена индустрија Димитриј Рогозин, претходно изјави дека тестовите на ловците од четвртата генерација МИГ-35 ќе се случи во текот на Јануари.

Овој авион претставува длабока реформа во рамки на семејството на воени авиони, ловци од фамилијата МИГ-29 кој ќе има можност да цели кон 10 мети одеднаш, а ќе може да делува кон четири до шест цели во исто време, според Сергеј Коротоков, генерален директор на МИГ. Рогозин, изјавил дека Русија ќе има голем бенефит од МИГ-35 како за домашна употреба, така и во продажбата на овој авион.
mig_35-2

Авионот може да достигне брзина од Мах 2.23 и да лета на висина од 19.000 метри. МИГ-35 има напредна авионика која му овозможува да го користи секое возможно оружје во борба воздух-воздух, воздух-земја.
mig_35-1
Авионот може да биде опремен со 30-мм топ, воздух-воздух, воздух-земја, анти-бродски и анти-радарски ракети, проектили, бомби и воздушни мини.

Може да дојде во комбинација со едно или две седита.

Во однос на неговите предци, МИГ-35 има поголем капацитет за гориво, и може да партиципира во полнење на гориво во воздух како „примател“ или „донор“.

Дополнително, авионот е опремен со исклучително софистицирана опрема против елекронска војна и анти-ракетен систем.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This