НОВИ ДOKAЗИ: Kopонавирусот се шири преку воздухот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската Национална академија на науките даде нов прилог на тезата дека новиот вид на коронавирус може да се шири и преку воздухот, а не само преку капки кои се испуштаат со кивање или кашлање.

Иако студиите не се завршени, резултатите достапни од истражувањата укажуваат на аероизолација на дишењето, напишал Харви Фајнберг, прв човек на Постојаниот одбор за инфективни болести и здравствени ризици во 21 век, во писмо доставено до Белата куќа.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести и останати здравствени агенции досега инсистираа на тоа дека примарен начин на пренесување на тешкиот акутно респираторен синдром САРС-КОВ-2 е преку поголеми респираторни капки, кои луѓето ги исфрлаат преку кашлање и кивање.

Дејството на тие капки е од еден до два метри, а вирусот може да се задржи и на површините, од каде луѓето може да го соберат со допирање на устата, носот или очите.

Но, ако Ковид-19 се наоѓа во човечкото издишување во воздухот, заштитата од него станува потешка, што оди во прилог на препораките сите луѓе да носат заштитни маски на лицето за да се намали несвесниот пренос на вирусот од лице со асимптоматски облик на зараза, пишува американскиот весник „Сајансмаг“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This