Нoви жaриштa на кoрoнавируc во Дeбaр – нaјмнoгу зaрaзeни од пoчeтoкот на пaндeмиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во континуитет расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, а како последица на тоа се зголемува и бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во дебарската општа болница со проширена дејност.

Според податоци на Министерството за здравство, во Дебарско во последните 24 часа се регистрирани 23 новозразени, што е најголема бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Во изминатите денови од оваа седмица регистрирани се 76 новозаразени, од моментно активните 112.

Како што велат надлежните, бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат оние кои имаат поголеми потешкотии. Според нив, сето тоа како последица на непочитувањето на мерките за заштита, а речиси сите се од кластери „домашни веселби“.

Како што расте бројот на новозаразени, расте бројот на хоспитализирани во Ковид-центарот во нашата установа. Моментно болнички се третираат 11 пациенти, сите на кислородна поддршка. Од нив дури 90 отсто не се вакцинирани. Денеска поради потешка клиничка слика еден пациент на 28-годишна возраст, иселеник од Италија, е префрлен на понатамошен третман во здравствена установа во Скопје – вели за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Меѓу заразените има поголем број иселеници, кои во родниот крај го минуваат летниот одмор а кои во земјите каде што живеат и работат не се имунизирале.

Повторно апелирам до граѓаните да бидат повнимателни и да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи повеќе од јасно е дека невидливиот непријател наголемо е присутен во нашиот крај. Исто така ги замолувам да се вакцинираат, за што не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само лична карта или друг документ за лична идентификација – апелира доктор Алили.

Тој посочува дека денеска во модуларната болница аплицирани се над 60 вакцини, а вчера 240.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This