(Фото) Антониа Гиговска во најпровокативно издание досега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со црн тул и голи гради под него, пејачката Антониа Гиговска најави дека ќе пее во Охрид. По новата песна и спот „Магла“ кои неодамна ги промовираше сега таа ќе има настапи во Охрид и Штип.

Гиговска објави фотка и напиша: „Утре Охрид гори, се гледаме во 22 часот во Лихнидос“.

Инаку „Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната во која Антониа верува е со потпис на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема, која има потенцијал за кратко време да го носи предзнакот – летен хит.

Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло, е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски. „Магла“ е дел од албумот „2001“, кој ќе содржи 12 песни, меѓу кои некои веќе пуштени во етерот, но и некои комплетно нови.

– Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“, доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу и верувам – вели Антониа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This