НОВИ ТЕНЗИИ НА БАЛКАНОТ: БиХ со закани до Србија доколку Вучиќ не ја суспеднира Стратегијата за одбрана и национална безбедност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови тензии се на повидок помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, откако Бакир Изетбеговиќ и неговата партија ја критикуваа Стратегијата за одбрана и национална безбедност на Република Србија

По реакцијата на СДА на Изетбеговиќ, реагираше и претседавачот со претседателството на БиХ, хрватскиот претставник Жељко Комшиќ со повик до српскиот претседател Александар Вучиќ, со цел да се суспеднира тој документ и да се сочува мирот.

Според Комшиќ, усвојувањето на Стратегијата за одбрана и национална безбедност на Србија би значело нарушување на регионалниот мир и стабилност, а би претставувало и нов вовед во тензии на просторот на Западен Балкан, бидејќи, како што тврди, тоа би било чин на отворено непријателство кон државата Босна и Херцеговина.

Комшиќ за локалните медиуми, потсетува дека БиХ се уште има отворени рани од „српската агресија“ и „направениот геноцид“ и му порача на Белград дека треба да биде сигурен дека БиХ нема да дозволи тоа да се повторни.
Како што велат Комшиќ и СДА, Србија не е никаков гарант на Дејтонскиот мировен договор, туку тоа е, како што велат тогашна СР Југославија, а денес нејзините правни наследници меѓу кои и Србија која се обврзала да го признае и да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This