НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО КРЕМЉ: Ќе биде декорирана со повеќе од 1.000 украси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од главните новогодишни елки во Москва ќе биде декорирана со повеќе од 1.000 украси, а нејзиното украсување ќе биде завршено денес, изјави портпаролката на Секторот за претседателскиот имот, Јелена Крилова.

Бидејќи новогодишната прослава за деца во Кремљ ќе се одржи јубилеен 20-ти пат, решено е дрвото да биде декорирано со украси од претходните 20 години, пренесува агенцијата „Тасс“.

Елката е поставена на плоштадот пред Кремљ, а покрај 1.000 украси, ќе биде разубавена и со светилки распоредени на кабел долг над еден километар.

Дрвото старо 90 години е високо 25 метри и има распон на гранките од шест метри.

Новогодишната прослава за деца во Кремљ ќе се одржи на 25 декември и на неа ќе присуствуваат повеќе од 5.500 деца од цела Русија, како и од Абхазија и Јужна Осетија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This