Новогодишно обраќање: На 18-ти декември ќе го видиме првото обраќање на Пендаровски како претседател пред пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати пред пратениците во Собранието на 18 декември.

На интернет страницата на Собранието стои дека Пендаровски ќе се обрати пред пратениците на 18 декември во 12.00 часот, во рамките на 122-та седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажал седницата по писменото барање од претседателот Пендаровски.

– Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност. Ве молам тоа да ми се овозможи на 18 декември 2019 година (среда) во 12 часот, пишува во барањето од Пендаровски до Џафери, испратено на 21 ноември.
Ова ќе биде прво обраќање на Пендаровски како претседател пред пратениците.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This