НОВ БРАН ПРОВОКАЦИИ ОД КОСОВО: Косовските власти почнаа да одземаат приватни имоти од Србите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовските власти и понатаму ги заоструваат мерките кон Белград: усвоија статут за рударскиот комбинат Трепче, а претседателот Кадри Весељи предложи нови услови за суспензија на даноците на производи од Централна Србија.

„Даноците мораат да бидат укинати без понатамошни промени“, рече Милован Дрецун, шеф на општинскиот одбор за КиМ.

„Од една страна се узурпира и се легализира одземање на српски приватни имоти, не се почитува имотот на СПЦ, а од друга страна и државниот имот на Србија се напаѓа на најгруб начин. Од моментот на едностраното прогласување на независноста, Албанците сакаа да присвојат се што Србија со години вложуваше, сите природни ресурси. Посебно се сконцентрирани на изворот Газивода“, вели Дрецун, потсеќајки дека Србија се уште ги отплаќа кредитите кои ги добила за изградба на таа брана.

На удар исто така е комбинатот Трепче, кој се обидуваат да го преземат, вели Дрецин и додава дека се работи за политичко и правно насилство и еднострани потези кои се неприфатливи и нема да завршат како што очекува Приштина.

„Србија поседува документација која покажува дека Фондот за развој е сопственик на повеке од 80% од комбинатот Трепче, но Албанците можат да ја блокираат неговата работа на север, а можат и да повлечат големи средства од сметките на компанијата. Така би можеле да го загрозат процесот на производство и да остават без работа голем број на Срби“, истакна шефот на општинскиот одбор за КиМ.

Србија, според Дрецун многу се трудеше да ги запре овие намери на Приштина, ама на меѓународен план треба јасно и гласно да се каже дека тој комбинат е во сопственост на Србија, и дека било каква негова продажба нема да биде законска.

Истовремено, приштинските медиуми пренесуваат дека Кадри Весељи на лидерите на владеачката коалиција на Причтина и дал писмен предлог за укинување на даноците во период од 120 дена, на кој предлог Србија има десет услови, а БиХ седум.

Документот, според приштинските медиуми има девет страни, а наводно бил доставен од американскиот амбасадор во Приштина, Филип Косент на состанокот на 23ти јануари. Меѓу условите се Србија да го промени непријателскиот став и да го смени договорот за заедничките граници, да ги признае сите печати, дозволи, документи, регистерски таблици и патни исправи издадени од приштинските власти.

Дрецун вели дека Албанците се обидуваат да подготват терен за продолжување на разговорите и вметнување на т.н. платформа на Весељи.

„Навикнати сме на брборењата на Весељи. Тој нема да и диктира никакви услови на Србија. За да го продожиме дијалогот, мора да ги укинат даноците, безусловно, па тогаш можеме да преговараме, точка по точка.“, потенцира Дрецун.

Тој се согласува дека прашањето за имотот е многу важно и треба да биде тема на разговор, ама додава дека кога некој има толку крути ставови, тој не сака да преговара, туку од почеток и оневозможи на другата страна да се посвети на преговорите, доколку воопшто дојде до нив.

На прашањето дали Приштина може да направи нешто без согласност на САД, по прашањата за статутот на Трепче и новите услови на Весељи, Дрецун вели дека САД имаат големо влијание врз Албанците.

„Секако дека има консултации и сугестии од страна на САД, но исто така има многу Албанци кои работат на своја рака, обидувајќи се да извлечат корист. Ним им е јасно дека кога тогаш ќе има избори и секој од нив се обидува да придобие гласачи: Харадинај така што се претставува како непопустлив лидер, а Тачи претставувајќи се како соработник на САД и КиМ.“, објаснува Дрецун.

Поранешниот шеф на Центарот за координација на КиМ, Небојша Човиќ, најновите потези на Приштина ги разбира како нов бран на провокациии и уцени.

„Тие се обидуваат да го променат начинот на преговори, и со постојани провокации да најдат начин да ги елиминираат параметрите кои не ги исполнија со Бриселската спогодба.“, верува Човиќ. Ако двете страни сакаат да преговараат ниту една не треба да поставува услови кои не можат да се исполнат, а Албанците упорно го прават тоа.

На прашањето како сакаат Албанците да се спроведат преговорите, Човиќ вели дека за нив единствен начин е со посредство на Американците и никој друг. Тој додава дека Американците не сакаат Косово да биде точка на дневниот ред на седницата на Советот за безбедност на 7ми февруари. „Косовските Албанци сметаат дека е доволно што ги поддржуваат Американците, и неколку други земји, а би сакале се да се реши во текот на оваа година, бидејќи е дваесет годишнина од бомбардирањето на Србија.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This