Нов ден, нов оглас: Економската kpиза не е доволно причина власта на СДСМ и премиерот Заев да запрат со полнењето на институциите со партиски кадри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов ден, нов оглас. Забрзано се полни државната администрација со партиски кадри и покрај изјавите на премиерот Зоран Заев дека ќе се намалува, а на тој начин ќе се заштедат средства за непродуктивни трошоци.

Имено, овој пат станува збор за вработувања во три институции под надлежност на Министерството за правда, а се бараат дури 16 државни службеници на различни позиции.

На првиот оглас објавен од Министерството за правда се бара помлад соработник за инспекциски надзор во Инспекторатот за употреба на јазиците, а нето платата е 22.020 денари.

На вториот оглас објавен од страна на Министерството за правда, поточно во Управата за водење на матичната книга се вработуваат дури 5 државни службеници и тоа еден советник во подрачна канцеларија на одделение за матично работење, соработник за контрола на буџетското работење, соработник за коордниација и следење на реализација на јавни набавки, помлад соработник во подрачно одделение за матично работење поддрачно одделение за матично работење Тетово, како и помлад соработник за одржување на ИТ мрежа. Платата е во зависност од позицијата, односно најниската е 22.026 денари, додека пак највисоката е 26.257 денари.

Третиот оглас е во Управата за водење на матични книги каде што се бараат дури 10 државни службеници од внатрешноста, а според огласот Управата има потреба од од самостојни и помлади референти.

Она што е скоро исто за сите три огласи е што јасно се гледа дека кандидатите се веќе претходно избрани, а објавувањето на огласот е само формално правен чин ако се земе во предвид дека како напомена на истиот стои дека за ова работно место се бараат Турчин/ка, Албанец/ка но и според условите кои се потребни за исполнување за конкурирање на истиот.

Се чини дека ниту економската kpиза не е доволно причина власта на СДСМ и премиерот Заев да запрат со полнењето на институциите со партиски кадри и послушници.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This