Нов студен туш од Бугарија: Радев и Герџиков едногласни во „НЕ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На бугарската национална телевизија ВНТ на 18.11.2021 се одржва претседателската дебата меѓу Атанас Герджиков од ГЕРБ-СДС и Румен Георгиев Радев како независен кандидат кој се кандидира за втор мандат. Тие во дебатата ги искажаа своите ставови за темата Македонија.

Според изјавата Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Македонија. Бугарија, вели Герџиков, сака да се почитува Договорот за добрососедство, што значи почитување на правата на Бугарите во Македонија, запирање на говорот на омраза, да се подобри транспортната поврзаност. Според него, Бугарија го направила патот до границата со Македонија, но од другата страна немало ништо и покрај европското финансирање.

Претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија не може да каже „да“ за Македонија за членство во ЕУ пред, како што наведе, да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ.

Според Радев, ЕК и Европскиот совет не се согласуваат да станат гаранти на преговарачката рамка и на поглавјето 35, на што инсистира Бугарија.

– Во моментов вратата за преговори за Македонија останува затворена, дециден беше Радев. На прашањето на новинарката на БНТ што ја водеше дебатата дали треба да има референдум за Македонија, двајцата одговорија дека тоа не е потребо бидејќи имало општествен консензус на таа тема.

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This