НОВ CKAHДАЛ ВО КОЈ Е ВMEШАНА ШЕКЕРИНСКА: Bojниците на сojyзниците од НАТО треба да ги смести во pyиниpaн објект во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов скандал го тресе Министерството за одбрана и министерката Радмила Шеќеринска -Јанковска. Согласно постоечките планови за ротација на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), предвидено е Командата на бригадата од Грција (каде што е во моментов), да биде преместена во Република Македонија и ние да бидеме домаќини, почнувајќи од мај 2020 година. Бидејќи станува збор за мултинационална бригада (Грција, Турција, Бугарија, Романија, Албанија и Македонија) за неа се потребни посебни услови за функционирање (близина до аеродром, до автопат и сл.), но и функционален објект.


Првичната замисла бригадата да се смести во Скопје, во близина на Воената болница, министерката ја отфрлила и за седиште на Командата одредила еден руиниран објект во касарната во Куманово. Идејата била објектот да се реновира и да се доведе во функционална состојба пред месец февруари 2020 година, кога се очекува да дојде претходницата на бригадата. Меѓутоа, тендерот за реновирање на руинираниот објект пропаднал и доаѓањето на мултинационалната бригада сега е доведено под знак прашалник. Шеќеринска се обидела овој скандал да го замаскира со тоа што побарала од грчката страна Командата на бригадата да остане уште некое време во Грција и да не доаѓа во Македонија бидејќи сеуште не бил спремен објектот!!! Ваквото барање од грчка страна било дочекано со подбив и смеа. Неспособноста на министерката и нејзиниот тим повторно го доведуваат во прашање кредибилитетот на министерството и на државата, особено што се работи за меѓународни договори на кои сме се обврзале и кои сме должни како држава да ги испочитуваме.

ПС. Според тврдењето на неколку мои познаници, објектот кој се наоѓа на сликата подолу, позади построените единици, е токму објектот во кој било/е планирано да се смести Командата на бригадата, пишува професорот Александар Нацев.
 

Нов скандал го тресе Министерството за одбрана и министерката Радмила Шеќеринска -Јанковска. Согласно постоечките…

Posted by Александар Нацев on Saturday, October 19, 2019

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This