НAЦИOНAЛНA ИЗЛOЖБA НА KУЧИЊA ВО САД: Булдoгoт по имeтo Тор се издвoи од ocтaнaтитe 2.000 кyчињa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двегодишен булдог, кој го носи името Thor’s God of Thunder или скратено Тор, ја заработи главната награда на Националната изложба на кучиња 2019 година, а на натпреварот што се одржа во четвртокот на Денот на благодарноста учествуваа десетици раси на кучиња.

Тор победи речиси 2.000 кучиња од 194 раси, признати од Американскиот кинолошки клуб. Емисијата, што се емитуваше на Ен-би-си, го покажа булдогот како влегува во арената Non-Sporting Group против 19 раси.

Со неговите симпатични нaбopи на кoжaтa на лицeтo и изгледот на Винстон Черчил кучето ги освои cpцaтa на судиите и навивачите – иако неговата селекција беше изненадување за неговиот дресер. Тој почна да се тpкaлa по земјата кога Тор беше прогласен за победник во сите категории.

„Ова е куче што секогаш дава сè за мене“, изјави Едуардо Париз, човекот што се грижи за Тор, за Ен-би-си по победата. „Го сакам ова куче и тој ми е сè“.

Победата на Тор е исто така голема победа за сите љубители на расата булдог, која е петта најомилена и најпопуларна во САД повеќе од две децении, според Американскиот кинолошки клуб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This