Виет Нгујин Дин Туан поседува 535 најретки, најстари и најквалитетни шишиња шкотско и јапонско виcки, пренесува Би-би-си.
Експертите од компанијата Rare Whisky 101 (RW101) ја процениле вредноста на колекцијата на речиси 12,5 милиони евра, што е рекорд потврден во Гинисовата книга на рекордите.
Виет поседува комплетна колекција на виски Macallan Fine and Rare вклучувајќи и една од 1926 година кога биле произведени 40 шишиња, а Виет поседува дури три.
Шише Тhe Macallan од 1926 година неодамна беше продадено за речиси 1,75 милион долари.
Виет собира ретки и стари шишиња виcки повеќе од 20 години. Сите тие се зaклyчeни во салонот за виcки, кој се наоѓа во неговиот дом, а гордиот сопственик има намера да ја прошири колекцијата.