Нeисчистениот снег ќе ги прикрие депониите, и кратерите по патиштата, но сигурно нема да ја прикрие нecпособноста на градоначалниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште само од снегот немавме добиено БЛОКАДА! Снегот кој наврна денес е само уште една од сите блокади што ја снајдоа Македонија. Како и секоја година, така и оваа, надлежните изненадени чиниш снег врне во месец август, а државата ни остана завеана и непроодна со наврнати само 20 сантиметри снег, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на неажурнаста на власта која не успеа навреме да ги исчисти улиците од снег.

Не се исчистени ниту магистралните и регионалните патишта, а да не говориме за споредните или тротоарите.
Социјалните мрежи се преполнети со фотографии од неисчистени улици и прашалници од типот што работат градските татковци! Отежнато движење, судрени автомобили, зализгани пешаци….се наоѓа сè, освен она што се нарекува дежурна екипа или механизација! Рака на срце, екипите секојдневно тураа сол на улиците кога немаше снег, па денес најверојатно одмараат., реагираат од партијата.

Кој ни ја води државата и има ли некој волја да работи за доброто на граѓаните?!, прашуваат тие.
Првиот снег секогаш одново и одново ја открива и потвртдува неспособноста на власта!
Минатата година Петре Шилегов потроши 1 милион евра за рентање на возила за чистење на снегот кој не падна, а сега – кога дојде снегот, Скопје е блокирано!
За каква ли работа се превработуваат луѓе во јавните претпријатија, кога нема луѓе за да се справат со снегот!
Можеби снегот ќе ги прикрие депониите, можеби ќе ги покрие кратерите по патиштата, но сигурно нема да ја прикрие неспособноста на градоначалниците, додаваат од партијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This