Обвинитeлcтвото отвори предмет за cмpттa на починaтиот сточар Божиновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното Обвинителство ќе го истражува случајот за починатиот сточар, Златко Божиновски кого екипата на итната медицинска помош цели пет часа на раце го носеше на тежок планински терен за да добие лекарска помош во здравствена установа.

-Основното јавно обвинителство Куманово ќе оформи предмет по допрен глас за да ги утврди фактите и евентуалната кривична одговорност за настанот. Во меѓувреме, Обвинителството ги чека и известувањата од надлежните институции кои веќе постапуваат, велат од ОЈО од Сител.

Божиновски во средата почина во болница откако претходно цела недела се бореше со повредите настанати од мозочно крварење и хипотермија. Одговорност за случајот побара и Владата, но и високи владини функционери откако институциите „игра пинг-понг“ префрлувајќи си ја одговорноста за случајот.

Центарот за управување со кризи барал да се обезбеди теренско возило, но не побарал хеликоптер бидејќи оперативецот не бил обучен самиот да одлучи дали во спасувачката мисија треба да се вклучи летало или не.

Општина Кратово, пак, можела да испрати трактор, но тоа не било сторено бидејќи според градоначалникот, немало логика оти така само ќе се загубело драгоцено време.

Армијата не била запознаена со случајот. Претседателот Пендаровски рече дека доколку Армијата знаела веднаш ќе испратела хеликоптер и специјална единица за спасување.

Директорот на ЦУК, Ангелов најави воведување на бројот 112 за итни случаи што во иднина би требало да помогне да се избегнат вакви трагични случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This