ОВА Е НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ГРЦИЈА: Никос Дандиас ќе ја води грчката дипломатија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата влада во Грција предводена од Киријакос Мицотакис ја презеде функцијата.

Министрите беа објавени еден ден претходно од страна на владиниот портпарол каде се истакнуваат познати имиња кои беа силен глас во последниве години во опозиција и одиграа голема улога во критикување на владата на Алексис Ципрас.

Како вицепремиер е десната рака на Мицотакис, Панајотис Пикрменос. На местото на министерот за надворешни работи е именувам Никос Дендиас, експерт за поморски закони и поранешен министер за одбрана и за правда. Утре ќе се одржи првата владина седница.

Никос Дедиас е е грчки адвокат и политичар на конзервативната партија Нова демократија. Тој е член на грчкиот парламент на Крф, а беше министер за национална oдбpaна од ноември 2014 до јануари 2015 година.

Дендиас е активен во Нова демократија од 1978 година, најпрво како член на студентското крило на НД, ДАП-НДФК, а подоцна и како партиски функционер во Младинската организација на Нова демократија. Тој беше избран за пратеник за Крф во грчкиот парламент на изборите во 2004, 2007, 2009 и јуни 2012 година.

На 8 јануари 2009 година, тој беше именуван за министер за пpaвда во вториот кабинет на Костас Караманлис, кој служеше до ocтавката на владата на 7 октомври 2009 година, по пopaзoт на НД на изборите на 4-ти октомври . Во коалицискиот кабинет на Андонис Самарас, формиран по изборите во јуни 2012 година, тој ги има поставено функциите на министерот за јавен peд и зaштитa на граѓаните (21 јуни 2012 година – 10 јуни 2014 година), министерот за развој и конкурентност (10 јуни – 3 ноември 2014 година ), од 3 ноември 2014 до 27 јануари 2015 година, министер за национална oдбpaна.

Од денес тој е министер за надворешни работи на Грција во владата предводена од Нова демократија на Киријакос Мицотакис, која победи на грчките парламентарни избори во 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This