„Ова не може да помине нekaзнето“: Европcките лидери на нозе поради принyдното приземјување на авионот во Белорусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот совет на утрешната седница ќе расправа за пресретнувањето на авионот на Рајанер над Белорусија и апсењето на белорускиот блогер и дисидент Роман Проташевич, како и за можните санкции против Белорусија заради овој потег без преседан.

Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, предложи денеска како противмерка блокада на белоруските авиони во воздушниот простор, како и санкции против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Матеуш Моравјецки, полскиот премиер, побара од Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет да го прошири утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и да се расправа за итни санкции против режимот на Лукашенко.

– Ова не може да пројде неказнето, напиша Моравјецки на Твитер.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This