Ова цвеќе мора да го имате во дворот – носи огpoмна среќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хризантемата е есенско растение кое потекнува од Кина, а се смета за цвеќе кое има моќ да привлече среќа. Доколку би прашале некој жител на Азија за хризантемата, тој би потврдил дека таа е симбол на нешто позитивно. Австралијците им подаруваат хризантеми на своите најблиски како знак на почит и љубов, а во Америка овој цвет е познат симбол на радоста. Во Европа, хризантемата се нарекува и „есенска роза“.

Доколку сте во можност, внесете малку од нивната позитивна енергија и во вашата градина, бидејќи не само што ќе донесе среќа во вашиот живот, туку исто така ќе направи вашата градина да изгледа поживописно и разнобојно. Цветот е оригинално во златно-жолта боја, но денес во светот постојат илјадници различни видови и бои кои имаат посебно значење:

Бела хризантема – се поврзува со вистината, јасните мисли и исправните одлуки. Најчесто е присутна во просториите за медитација.

Црвена хризантема – знак на љубов и нагласени страсти.

Виолетова хризантема – покажува отменост и благородност.

Сина хризантема – со себе носи смиреност и инспирација.

Портокалова хризантема – знак на топлина и напредок.

Жолта хризантема – како најтажен симбол, носи знак за невозвратена љубов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This