Огромен астероид во март ќе се приближи до Земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астероидот, со големина од 1,7 километри, што е двојно поголем од најголемата зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, во март ќе помине 1,93 милиони километри од Земјата, објави НАСА.

Астероидот, наречен 2001 FO32, беше откриен во 2001 година, така што, иако ќе помине на растојание пет пати подолго отколку што е Месечината од нашата планета, сепак е класифициран како ризичен објект , пренесува Танјуг.

Ова небесно тело кружи околу Сонцето за 2,22 години, со брзина од 124 000 километри на час.

Секој објект што е на помалку од 7,2 милиони километри од Земјата, се смета за потенцијално опасен астероид , бидејќи постои можност тој во одреден момент да отстапи од својот пат и да се придвижи кон нашата планета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This