ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ: Нема учење на македонски јазик во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во грчкиот град Едеса- Воден, го отфpлиле барањето за учење на македонскиот јазик во јавните училишта во Грција преку Интернет курсеви.

Грчките медиуми објавуваат дека градот Едеса го отфрли барањето за учење на т.н. „македонски јазик“, во јавните училиште во Грција преку интернет курсеви.

Во текстот на „Греек Сити Тајмс“ се вели дека одлуката ја донесе градскиот совет на Едеса, со анонимно отфрлање на барањето на нaционалистичката про-Скопје група, која бара инклузија на т.н. „Македонски јазик“. Групата, позната како АМКЕ „Крсте Мисирков“, неодамна ја достави својата пpовокативна петиција до грчкото Министерство за образование и верски прашања во Едеса и повика на примена на клаузула од Договорот од Северес од 1923 година, кој предвидува „обезбедување на средства и можности за настава на други јазици, освен грчкиот, во училиштата за јавно образование.

Инаку, оваа програма ќе се однесува на жителите на Едеса и ќе биде пилот програма. Исто така ќе има ограничен број на учесници, а нејзиото бесплатно спроведување ќе биде овозможено од АМКЕ „Крсте Мисирков“, кое ќе ги покрие сите трошоци- интернет конекцијата, користење на едукативната платформа и потребната опрема, било наведено во петицијата за барање за учење на Македонски јазик во грчкото јавно образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This