ОДБPAHATA ЗА 27 АПРИЛ: Русковска има седум нecepиозни cвeдоци, ги кpие вистинските стopители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еленко Миланов, бранител на тројца од обвинетите дека ги организирале настаните во Собранието на 27 април 2017 година, Tрајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, за „Плусинфо“ вели дека и утре ќе немаат целосен увид во доказите, иако рочиштето беше одложено токму поради тоа што адвокатите на обвинетите бараа увид во сите докази затоа што дел се поклопуваат со претходниот предмет за 27 април, кој сега е во Апелацискиот суд.

Во врска со забелешката на обвинитеката Вилма Русковска дека одбраната сака да го одолговлекува судењето затоа што пријавила по 300 сведоци за секој од обвинетите, Миланов, вели дека Вељаноски има предложено 30 сведоци, а дека поголем број се сведоци на Јанакиески и на Ристовски. Тоа, како што објаснува Миланов, е поттикнато од самото обвинение кое не прецизира кому обвинетите вршеле влијание за да спречат, како што обвинува Обвинителството „мирно примопредавање на власта по парламентарните избори во декември 2016 година“ преку организирање протести, а потоа и упад во законодавниот дом.

– Обвинителството вели дека моите клиенти влијаеле на градски и на месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ без да прецизира врз кои лица го правеле тоа, така што тоа поттикнува голем број сведоци во процесот – вели Миланов.

Адокатот Јордан Апостолски, бранител на поранешниот директор на УБК кој има предложено само десет сведоци, потсетува и на тоа дека самата процедура налага пред да почне рочиштето да се предложат сите сведоци за да можат да бидат повикани во судница и дека сепак последниот збор за предложените сведоци ќе го има судот.

– Откако одбраната ќе ги предложи сведоците, судот е тој кој на крајот одучува за нивната релевантност, односно кои и колку од нив ќе прифати – вели авокатот Апостолски за „Плусинфо“, кој има сериозни забелешки на обвинението на Русковска во кое е наведено дека обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“, што кулминираа со насилното влегување во Собранието.

– Сметам дека обвинението е несериозно затоа што, пред сѐ, е насочено на тоа да се сокријат вистинските сторители и да не се открие вистината за еден од најголемите настани во поновата македонска историја. Обвинителството не направи напор да ги утврди вистинските сторители, туку најде други лица кои врз основа на сведочења на неколкумина сведоци меѓу кои и амнестирани од претходниот процес за 27 април и со нивна помош во историјата се обидува да ги впише овие лица како нарачатели. Тоа е навистина крајно несериозно – вели Апостолски.
Обвинителката Вилма Русковска планира седум сведоци против организаторите од 27 април, меѓу кои е и амнестираниот Захарие Симовски, кој како обвинет призна дека носел пиштол во Собранието, потоа Александар Василевски Нинџа, кој доби затворска казна од 8 години. Како сведоци се и браќата Стефан и Михаил Младеновски кои во судскиот процес за 27 април сведочеа дека собранискиот упад e организиран со логистика од УБК.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This