Меланија Трамп одржа говор пред стотици студенти во Универзитетот Либерти во Вирџинија.
Првата дама на САД им се обрати на младите слушатели за да ги предупреди за последиците од употребата на опоиди.
„Верувам во моќта на сите вас… вие имате капацитет не да мислите на ова како на статистика, туку да го гледате како човечка сторија и можност да спасите животи. Верувам во вашиот бескраен потенцијал да го промените нашиот свет кон подобро“ – рече таа.
Меланија носеше сив костум од Мајкл Корс и чевли од Маноло Бланик.
Запирањето на епидемијата со опоиди е во темелите на иницијативата „Be Best“ на Меланија.
Настанот ќе биде дел од серијата „Америка“ на водителот Ерик Болинг, кој го изгуби синот како последица на предозирање.