ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД FCA И PSA: Hема да жpтвyваaт ниту еден бренд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружувањето на двата автомобилски гиганти отвори многу прашања, а едно од најчестите е кои брендови се во oпacнocт за да бидат укинати? Сепак, нема oпacнoсти за ниту еден од брендовите, па фановите на одредени брендови може да здивнат бидејќи барем засега нема да има згаснување.

Според зборовите на Карлос Тавареш, кој ќе биде извршен директор на новонастанатата автомобилска групација „најголемиот нематеријален имот на автокомпаниите FCA и PSA се нивните брендови“.

„Брендовите носат страст, историја и емоции со себе. Тоа е причината поради која сметаме дека ќе опстанат во матичните земји. Италијански брендови ќе останат во Италија, француските во Франција, американските во САД, а германските во Германија“, вели Тавареш.

FCA и PSA тоа го повторија и во новото соопштение во кое наведоа дека новосоздадениот бизнис субјект ќе има „широка понуда на етаблирани и иконски брендови кои ќе ги понудат најдобрите производи во класата и кои ги покриваат клучните сегменти на пазарот на автомобили“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This