ОДМАЗДА ПОРАДИ РЕКЕТАРСТВО: Близнакот Даниел изрешетан поради рекет – пишува Дневник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата работи на расветлување на инцидентот во кој бил изрешетан Даниел Трајковски (45) од Ѓорче Петров, кој откако бил погоден со својот автомобил се превртел и удрил во бетонска жардиниера, завчера во скопската населба Kарпош.

pukanje

Според последните информации, неговиот живот бил во опасност, но по извршениот оперативен зафат е во стабилна состојба, па Трајковски е на респираторни апарати.

Од МВР нема информации за мотивите за нападот, ниту за напаѓачите, но, неофицијално, бил нападнат од лица од кои изнудувал пари. Даниел е брат на Дејан, двајцата познати деликвенти со богато криминално досие и врски со подземјето. Близнаците последниве години се дел од обезбедувањето на раководството на СДСМ.

Според официјалниот извештај на МВР, вчера неколку минути по полноќ од Ургентен центар Скопје во полицијата пријавиле дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје. Тој завчера во 23.35 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди со улиците Бледски договор и Париска, управувајќи автомобил „фолксваген голф“, изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера на средишниот дел од коловозот од булеварот. По ударот возилото се превртело, а Д.Т. во сообраќајната незгода не добил повреди, но кај него биле констатирани прострелни рани на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен.

Според неофицијални информации, пак, на престрелката ~ претходела бркотница на автомобили. која почнала кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Илинденска. Не е познато, но, според очевидци, „голфот“ го бркале две возила, од кои било пукано. Не е официјално дали Трајковски бил сам во возилото, или, како неофицијално се зборува, во него биле и неговиот брат Дејан и уште едно лице.

Даниел Трајковски лани на 28 април во полицијата пријавил дека имало обид за негово убиство. Според неговото кажување, со автомобилот се движел од хотелот „Александар палас“ кон булеварот Илинденска, кога „фолксваген пасат“ му го пресекол патот. Од автомобилот излегле две маскирани лица, кои испукале два куршума кон „голфот“, но не го погодиле, а тој исплашен го стартувал автомобилот и удрил во „пасатот“, по што избегал. Трајковски по инцидентот ја обвини полицијата дека не презема ништо за да ги открие напаѓачите, кои им биле познати на властите.

На 17 април, пак, во еден од кафулињата во ТЦ „Буњаковец“ со шрафцигер во глава беше прободен полицаецот Г.K. (47), а во нападот учествувал близнакот Дејан, кој се бара за обид за убиство и е во бегство. МВР изминативе десетина години против близнаците имаат поднесено 21 кривична пријава, а помладиот од браќата е осудуван и на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеца. Двајцата се товарале за напад на службено лице, шверцување, држење и тргување со оружје, распрскувачки материјали, напад со орудие опасно за животот при тепачка, учество во толпа, фалсификување исправа, употреба на лажни податоци, давање лажен исказ и загрозување на општата безбедност. Даниел Трајковски во август годинава преку својот профил на „Фејсбук“, како Перла Трајковска, име на неговото куче, упати сериозни закани и најави за рекет од 50 милиони евра до бизнисменот и сопственик на МПМ, Орце Kамчев, како и до ексдиректорот на УБK, Сашо Мијалков. „Еден метак кошта две евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти… Така да на крај ќе биде 2 евра работата на Kамчев у глава и две евра за Мијалков у глава, четири евра ќе кошта услугата, без работна рака… Гратис работна рака… Или ќе платиш 50 милиони евра или таксиметарот ти чука… Орце Kамчев, запамти, во Дебар од кај што потекнуваме, нема место за два лава. Даниел близнак“, пишувало на профилот, кој подоцна бил избришан.

(И.Ш.)
Дневник

Андонов: Kриминална или криминално-политичка пресметка

– Лицето врз кое беше извршен обид за убиство во Скопје на полицијата ~ е познато по неговите криминални активности, а на јавноста по политичката активност. Првичните сознанија што ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некаква пресметка, дали тоа ќе биде чисто криминална или криминално-политичка пресметка со оглед на профилот на лицето што учествувало во неа, допрва полицијата ќе истражува – изјави вчера заменик-министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов.

Тој се надева дека Трајковски набргу ќе стане контактибилен и ќе може да добијат повеќе конкретни податоци за тоа што се случило.

– За жал, се докажа она што јас го говорев во изминатиот период – дека со противзаконските поставувања во МВР, со врските на СДСМ и министерот Оливер

Спасовски со криминални групи и поединци само ја зголемуваме тензичноста и тоа не помага во зголемување на безбедноста во државата и на граѓаните – рече Андонов.

(Ж.З.)
Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This