Од денеска голема промена на времето, еве кога ни доаѓа вистинското сонце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со засилен ветер и град.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има краткотраен дожд и грмежи.

Додека пак во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите во текот на следниот период можно е да се искачат и до 30 степени а УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9. Да напоменеме дека во следните денови поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава повторно ќе се врши транспорт на прашина и на песок.

Сепак и покрај ова студените денови завршија со што можете да уживате во многу потоплите денови и покрај нестабилноста која ја очекуваме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This