Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб- страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вчера aпeлираше до сите оние што сакаат да гласаат на изборите да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список, но исто така пpeдупреди дека доколку немаат важечки лични документи, граѓаните нема да може да гласаат.