ОД ДЕНЕС: Редуциран возен ред на автобусите на ЈСП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 2 јануари (четврток), поради зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран до завршување на распустот на учениците. На 6 јануари (Бадник, понеделник) и 7 Јануари (Божиќ, вторник) автобусиите ќе сообраќаат по неделен зимен возен ред.

ВОЗЕН РЕД НА ЛИНИИТЕ 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно)

На 6 јануари (Бадник, понеделник) линија 25 ќе сообраќа по делничен зимен возен ред.

Линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат.

На 7 јануари (Божиќ, вторник) сите три линии ќе возат по неделен зимен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА

Жичарницата на Водно нема да работи на 31 декември (вторник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.

На 1 јануари (среда), Жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, а отворена за посетители од 10 до 17 часот ќе биде на Бадник (6 Јануари, понеделник) и Божиќ (7 Јануари, вторник).

ДЕЖУРНИ БИЛЕТАРНИЦИ

На 1, 6 и 7 јануари дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и во Ѓорче Петров.
На 1 јануари сите три билетарници ќе работат од 10 до 18 часот.

На Бадник (6 јануари, понеделник) и Божиќ (7 јануари, вторник) билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, а билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар од 7 до 19 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This