Од Европа без граници до Европа со бодлиkaва жица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интервенционистичката западна политика предизвика мигрантска криза, а НАТО и ЕУ сега го жнеат она што го посеаjа. Затоа Европа со граници се претвора во Европа со бодликава жица, вели за Спутник политикологот Александар Павиќ во врска со барањето на дванаесет членки на ЕУ да изградат ѕид или бодликава жица на границите на Унијата со цел да се спречи влез на мигранти.
Имено, министрите за надворешни работи на Полска, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Литванија, Летонија и Словачка во писмо до Европската комисија изјавија дека„има обиди политички да се инструментализира илегалната миграција.
„Физичките бариери се покажаа како ефикасна заштита на границите која им служи на интересите на целата ЕУ, не само на земјите -членки на влез“, и дека треба да се подигнат ѕидови и огради на границите, што ЕУ треба да ги финансира како приоритет, пишува ЕУ Обсервер.

Според Павиќ, интересно е што потписниците на ова барање не ја претставуваат ниту оддалеку целата Европска унија и дека тоа се, условно кажано, помалку важни земји -членки.

„Познато е кои се најважните членки на ЕУ – Франција, Германија, Холандија, богатите земји од Западна Европа и тие не се меѓу земјите што стојат зад ова писмо. Можеби само Австрија, но повторно е дел од Централна Европа. Значи, ова се однесува на земјите од Централна Европа, поновите членки плус Грција, кои се повеќе погодени од мигрантската криза. Меѓутоа, станува збор за фактот дека тие веруваат дека тие не се одговорни за таа криза, бидејќи тие не беа тие што ги поканија мигрантите да дојдат во 2015 година, туку тоа го стори германската канцеларка Ангела Меркел“, објаснува Павиќ.
Интересно е, додава нашиот соговорник, дека сите земји -членки на ЕУ кои испратија барање за подигање огради на границите, сепак би сакале да влезат во кругот на богатите и моќните во Европската унија, бидејќи сметаат дека таму мед и млеко течат
„Меѓутоа, ова што се случува е последица на постапките на тие богати клубови во ЕУ, а уште повеќе во НАТО, на кои тие одлучија да припаѓаат. Интервенциите на НАТО се најодговорни за брановите на сите овие мигрантски кризи што ја зафатија Европа. Ова се последиците од човечкото страдање и уништување што ги нанесе НАТО во Сирија, Либија и Авганистан, иако мора да се напомене дека немаше големи протести против интервенциите на Алијансата. Но, тие сега протестираат против последиците од таа катастрофална интервенционистичка западна политика, сметајќи дека не треба да ја платат цената на таа политика“, посочува Павиќ.

Таквото барање, забележува нашиот соговорник, сосема неочекувано наиде на противење од другите членки на ЕУ.
„Интересно е што Хрватска се противи на ова, и мислам дека причината најмногу лежи во тоа што тие не сакаат да ги одделат Хрватите во Босна и Херцеговина од Хрватска со жица или ѕид. Значи, секој гледа во својот интерес, и земјите што стојат зад ова барање и оние што се против граничните огради. Во таа смисла, Унгарија може да се разбере бидејќи Орбан има некои идеолошки ориентации и се противи на миграцијата и тие квази-либерални вредности, но Унгарија е членка и на ЕУ и на НАТО, па иако беше дел од проблемот, сега го гледаме како протестира поради настанатите последици. Значи, има и малку лицемерие и овде, бидејќи тие сега всушност одбиваат да го жнеат она што самите го посеале“, категорична е Павиќ.
Соговорникот на Спутник е на мислење дека ова барање нема да биде усвоено на ниво на ЕУ.
„Мислам дека либералните талибанци во Брисел нема да го дозволат тоа, бидејќи го уништува целиот нивен концепт за отворени граници. Хрватска, на пример, доби опомена за третманот на мигрантите на нејзината граница, а истото го стори и Грција. Едноставно, Брисел отиде толку далеку во своето будење во смисла дека мулти-култните граници мора да бидат отворени, протокот на луѓе слободен и сите што се во неволја мора да бидат прифатени, па доколку ги исполни овие земји и дозволи подигање на бодликава жица жицата на границите на ЕУ беше спротивна на сопствената идеолошка матрица“, наведува Павиќ.

Од друга страна, посочува политикологот, Брисел има проблем бидејќи овој притисок од незадоволните земји нема да престане.
„Јавното мислење во овие земји -членки, но и во побогатите земји кои ја поттикнаа миграцијата, се повеќе е против прифаќањето на мигрантите. Значи, ова е само уште еден камен на сопнување во рамките на ЕУ, уште една причина за некои нови поделби и не може да се „испегла“, бидејќи погледите на светот се дијаметрално спротивни, а „либералните талибанци“ во Брисел сигурно немаат исти цели и визија на Европа како, да речеме, Виктор Орбан. Првите имаат визија за Европа која за 50 години веќе нема да биде европска, ќе има нова Европа на мешани, конфликтни култури со кои би управувале овие во Брисел, додека Орбан, земјите од Вишеградската група и Австрија се повеќе враќање на некои европски вредности за континент сепак да им остане на Европејците кои имаат милениумски корени таму“, заклучува Александар Павиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This