ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА АПТЕКА, ВО НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЛОТАРИЈА: Дипломиран инженер за храна и вино, разбира англиски, има возачка, работи во тим и под пpитиcoк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломиран инженер за храна и вино, со работно искуство во земјоделска аптека и Г. Д. Тиквеш Кавадарци, од октомври минатата година стана член на Надзорниот одбор на Државната лотарија на Македонија. Со одлука на Владата, а со потпис на премиерот Заев, кавадарчанецот Александар Димитријоски е назначен за независен член на оваа државна компанија, пренесува порталот ИРЛ.МК.

Станува збор за државна институција во која петтемина членови на Надзорниот одбор ги избира Владата. Тие ја контролираат работата на Управниот одбор и ги избираат неговите членови. Александар Димитријоски од Кавадарци е токму еден од петорката на Лотарија.

Името на Димитријоски не се поврзува со ништо доколку се обидете да го пребарате на интернет. Александар Димитријоски во јавноста воопшто не е познат, а единственотот што може да се пронајде за него е врска до неговиот профил на Фејсбук.

Таму и го контактираме. На нашата порака одговори дека бил избран како предлог на владата, но не сакаше да одговори како течел тој процес или дали членува во политичка партија.

На неговиот Фејсбук профил можат да се најдат слики од конвенција на СДСМ или на пример заедничка фотографија со пратеници од СДСМ, меѓу кои и најславната во моментов Мира Стојчевска.

ИРЛ објави дека минатиот месец за член во Надзорен на Лотарија беше избрана Моника Зајкова, 28 годишна службеничка во Собранието и претседател на подмладокот на Либерално демократска партија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This