ОД КЕЛНЕР ДО МИЛИОНЕР И НАЗАД:Една грешка направена од банкомат го направи богат, но на крајот сепак ја плати цената!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралијанецот Ден Саундерс, по професија келнер, живеел четири месеци како случаен милионер во невиден луксуз, бидејќи од неименуваната банка “добил” 1,6 милиони долари кој ги потрошил, а потоа одлучил да се пријави во полиција.Како обичен работник во еден клуб,после завршувањето на смената,отишол да подигне од банкомат200 долари.
Тој немал пари, па ги префрлил парите од “мастер картичката” на штедна книшка.
Парите му биле исплатени, иако јасно пишувало дека “трансакцијата е откажана”. Љубопитноста била посилна и се вратил на банкомат. Бил заинтересиран дали може да добие уште 200 долари или можеби 500 или 600?


Секој обид бил успешен. Без оглед на сумата на пари што ќе ја напишел тој ќе добиел пари.”Магичниот банкомат” го исплаќал секој износ што Саундерс го пишувал. Живеел на висока нога, откако оштетил голема банка за повеќе од 1,6 милиони долари.
Кога сфатил дека може да си дозволи сѐ што ќе посака – не се воздржал. Тој потрошил 20.000 долари во првите неколку недели. Тој беше заинтересиран за забава, добро вино и запознавање со луѓе. Уживаше бескрајно.
Тој мислеше дека сè ќе биде готово и откриено за седум дена, но траеше четири и пол месеци, и тоа можело да трае кој знае колку да не проработела совеста на Сондерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This